Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Парична помош во висина од 400.000 денари или околу 6.500 евра, одвои Општина Куманово за семејствата за настраданите во несреќата во збратимениот град Нови Сад, Република Србија.
Несреќата се случи на 1 ноември на Железничката станица кога падна настрешница и усмрти 15 луѓе. Меѓу загинатите е и македонскиот граѓанин Васко Саздовски од Свети Николе.
„Од вкупниот износ 300.000 денари ќе бидат уплатени на сметката на Општина Нови Сад, а 100.000 денари на сметката на семејството Саздевски. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година, од ставката тековни резерви наменети за парична помош во случај на несреќа“, објаснија од Општина Куманово пред советниците.
Одлуката беше донесена едногласано од сите присутни советници на денешната седница на Советот на Општина Куманово.