Куманово загуби од Чаир во доиграниот прв натпревар оваа сезона
Кошаркарите на КК Куманово загубија на домашен терен од екипата на Чаир 2030 со резултат 71:76, во натпревар од Мтел Суперлигата одигран во спортската сала во Куманово.
Гостите имаа предност уште од стартот и првата четвртина ја добија со 13:21, а на полувреме заминаа со водство 27:46. Кумановци во вториот дел одиграа многу поагресивно и се враќаа во мечот чекор по чекор, но Чаир успеа да ја сочува контролата и со мирна завршница да ја однесе победата од Куманово.
Најефикасен кај Куманово беше Урош Луковиќ со 23 поени и 8 скока, додека Алекса Стевановиќ постигна 18 поени. Кај Чаир се истакна Стурдивант со 20 поени и 6 асистенции, а Четман додаде 17 поени и 7 скока.
Овој натпревар се доигра денеска одкако вчера беше одкажан поради лизгав под. МКК Куманово на своите социјални мрежи објави дека ќе ја организираат завршницата на Купот оваа година.