×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лицата со ниски примања може да аплицираат за субвенции за инвертери и за сметки за струја

    12.08.2025 19:51 | KumanovoNews

    Ранливите групи од денеска можат да аплицираат за добивање субвенции за набавка на инвертери и за помош од 1.000 денари за сметките за струја на огласот на Министерството за енергетика. За оваа намена се издвоени 170 милиони денари (околу 2,75 милиони евра).

    Лицата со ниски примања може да аплицираат за субвенции за инвертери и за сметки за струја

    За субвенции за клима-инвертери може да аплицираат домаќинства со ниски приходи, чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не надминувал 25.000 денари за едночлено домаќинство, 31.000 денари за домаќинство со два члена, 37.000 денари за домаќинство со три члена и 43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена. Домаќинства во кои единствен приход е пензија, да не надминува 15.700 денари за едночлено домаќинство, 19.800 денари за домаќинство со два члена и 23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена. Граѓаните нема да добиваат ваучер за сами да го купат инвертерот, туку Министевството за енергетика ќе распише тендер и ќе ги набави па после ќе ги дели на корисниците.

    Правото на инвертер клима-уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима-уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.

    За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија можат да аплицираат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, со целосно слепо лице и со целосно глуво лице.

    За доделување инвертер клима-уред треба да се поднесе пополнетo барањe, изјава заверена на нотар, фотокопија од лична карта на барателот, фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството, за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница и фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2025 година.

    За доделување финансиска поддршка за потрошена електрична енергија треба да се поднесе пополнето барање (обрасци 1, 2, 3 и 4), изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар, фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток, фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година и фотокопија од лична карта на барателот и фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството – за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница.

    За доделување инвертер клима-уред рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до 5 октомври 2025. За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до крајот на август 2025.

    Обрасците и изјавата се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот јавни огласи. Документацијата се доставува по пошта или лично на адреса улица Македонија бр. 27, 1000 Скопје.