×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матичните лекари во Куманово со предупредувачки штрајк

    26.02.2025 12:11 | Оливера Пешевска

    Матични лекари од Куманово денеска стапија во едночасовен предупредувачки штрајк, поради измените во системот на „Мој термин“. 

    Матичните лекари во Куманово со предупредувачки штрајк

    Се решиле на ваков чекор затоа што добиле наредба за секој пациент да имаат верификуван телефонски број.

    „Не можеме да креираме ниту упат ниту рецепт, доколку преку смс порака, бројот на мобилен телефон на пациентот не добие код за автентикација од системот. Имаме пациенти кои немаат мобилни телефони, имаме такви кои често го менуваат и се префрлаат од еден на друг оператор, имаме луѓе со деменција, моторни нарушувања кои не можат да користат телефон, има и такви кои не сакаат да остават број. Зошто треба на секои неколку месеци да ги проверуваме пацинетите кој им е телефонскиот број“, истакнува д-р Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари Куманово.

    Без претходна најава од денеска стартувала експерименталната фаза, а целосна имплементација е предвидена веќе за понеделник, 3 март. Тоа практично значи дека пациентот освен преглед, не може да добие никаква друга услуга од матичниот лекар, на пример упат за лабораториски услуги, специјалистички преглед, комисиски преглед, или пак рецепт за било кое хронично или акутно заболување.

    Матичните лекари сметаат дека не е нивна работа да ги проверуваат податоците на пациентите и колку се достапни за установите од секундарната или терцијарната здравствена заштита.

    Доколку не се изнајде решение со надлежните матичните лекари нема да работат на 3 март, понеделник.