×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ново линеарно зголемување на пензиите од 2.000 денари, најави Мицкоски

    18.07.2025 09:03 | KumanovoNews

    Премиерот Христијан Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во следните 6 месеци.

    Ново линеарно зголемување на пензиите од 2.000 денари, најави Мицкоски

    Тој кажа дека се прават анализи за линеарно зголемување на пензиите и тоа 1.000 денари оваа есен и 1.000 на пролет, т.е. дополнителни 2.000 денари за сите пензионери. 

    „Сериозно сме ангажирани во таа анализа, правиме проценка колку би било тоа процентуално зголемување, колкав би бил волуменот на парична маса, да го поделиме со бројот на пензионери. Линеарно да се зголемат пензиите по 1.000 денари сега на есен во октомври кога ќе ја земат пензијата, и во април за март практично, односно 2.000 да има зголемување линеарно за сите пензионери во рамките на следните шест месеци. Многу скоро, бидејќи тоа мора да се случи пред распишувањето на изборите, дали преку закон со скратена постапка или преку група пратеници ќе го поднесеме тоа“, рече Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски посочи дека секаде каде оди и разговара со пензионерите тие бараат линеарно зголемување и затоа Владата е многу блиску до носење на таква одлука.