Мени

МКК Куманово го пречекува Гостивар – шанса за нови бодови пред домашната публика

06.03.2026 22:25 | KumanovoNews

Кошаркарите на МКК Куманово во недела на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Гостивар во натпревар од домашното кошаркарско првенство. Средбата ќе се игра во Спортската сала во Куманово со почеток од 18 часот, каде домаќинот ќе се обиде да стигне до важна победа пред својата публика.

МКК Куманово го пречекува Гостивар – шанса за нови бодови пред домашната публика

Според моменталната табела, МКК Куманово се наоѓа на четвртото место со 24 бодови, со осум победи и осум порази по 16 одиграни натпревари, додека Гостивар е на 11-тата позиција со четири победи и 12 порази.

Дополнителен мотив за домашниот состав се и добрите настапи во Купот на Македонија, каде кумановскиот тим покажа дека може рамноправно да се носи и со екипите од самиот врв на македонската кошарка. Тие партии донесоа дополнителна самодоверба во составот и потврдија дека тимот има потенцијал за добри резултати во продолжението од сезоната.

Натпреварите меѓу Куманово и Гостивар традиционално носат борбена игра, но со оглед на моменталната форма и позицијата на табелата, домашниот тим ќе ја има улогата на фаворит.

Средбата се игра во недела во Спортската сала во Куманово, а се очекува и добра поддршка од трибините за кошаркарите на МКК Куманово.