Мени

Кривична пријава против полицаец од Куманово за примање поткуп

06.03.2026 22:29 | KumanovoNews

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Куманово поради сомнение за примање поткуп.

Кривична пријава против полицаец од Куманово за примање поткуп

Како што информира МВР, пријавениот Р.С., вработен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27 февруари годинава при вршење службени дејствија со специјално возило „пајак“, побарал и примил поткуп од лице од Куманово.

Според пријавата, тој побарал пари за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сообраќаен прекршок, односно за непрописно паркирано моторно возило, со што му овозможил на лицето да избегне казна.

Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, односно до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Од Одделот за внатрешна контрола против полицискиот службеник е поднесен и предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, како и за негово отстранување од работното место.