Мени

Ракометарките на Македонија во Куманово против Белгија

06.03.2026 10:04 | KumanovoNews

Женската ракометна репрезентација на Македонија утре /7.март/ во Куманово ќе го одигра реванш натпреварот против Белгија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2026.

Ракометарките на Македонија во Куманово против Белгија Фото: macedoniahandball.com.mk

Дуелот ќе се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 17 часот, а за македонските ракометарки претставува можност за реванш по тесниот пораз на гостувањето во Белгија, каде домаќинот славеше со 26:25.

Во првиот натпревар македонската селекција имаше предност во поголемиот дел од средбата, но во финишот не успеа да ја задржи контролата врз резултатот, па бодовите останаа кај противникот.

Со оглед на ситуацијата во групата, натпреварот во Куманово е важен за македонската репрезентација која ќе се обиде пред домашната публика да дојде до позитивен резултат и да ја врати самодовербата во квалификацискиот циклус.

Очекувањата се за борбен натпревар и силна поддршка од трибините за националниот тим.