Набавил лажна диплома од средно за да се вработи во јавно претпријатие
17.07.2025 17:21
| KumanovoNews
Кумановец набавил лажна диплома за да се вработи во јавно претпријатие.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против 61-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Во текот на 2023 година, пријавениот набавил фалсификувана диплома од средно училиште од Скопје и ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас во јавно претпријатие во Куманово“, соопшти МВР.