×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најголема излезност во Старо Нагоричане, најмала во Липково, во Куманово 40,98 отсто до 17 часот

    24.04.2024 18:21 | Оливера Пешевска

    До 17 часот во Куманово излезноста на гласачите е 40,98 %.

    Најголема излезност во Старо Нагоричане, најмала во Липково, во Куманово 40,98 отсто до 17 часот

    Најголема излезност со 68,75 проценти има гласачкото место 1.150 во селото Мургаш, каде гласале 11 од 16 запишани избирачи во избирачкиот список. Ажурни биле и гласачите во селата К’шање и Габреш и тука излезноста е 58,82 посто.

    Во однос на општините во регионот, најголем процент на излезност има во Старо Нагоричане со 44,43 посто, или 1.352 избирачи. Во избирачкиот список се запишани 3.047 жители со право на глас.

    Во Општина Липково гласале 8.321 избирачи, што е 32,01 проценти од вкупниот број на запишани- 25.998 лица.

    До 17 часот на претседателските избори во државата гласале 44,18 отсто од избирачите запишани во Избирачкиот список. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 1.708 избирачки места гласале 397.612 граѓани.