×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема да се прегласува на трите избирачки места во Куманово, одлучи ДИК

    26.04.2024 08:52 | Оливера Пешевска

     На трите избирачки места во Куманово, каде што изборите беа прекинати повеќе од три часа поради технички проблеми, нема да се прегласува, затоа што тоа нема да влијае на конечните резултати.

    Нема да се прегласува на трите избирачки места во Куманово, одлучи ДИК

    Но, избирачките одбори на местата 1075, 1100 и 1090 ќе бидат разрешени, соопшти Државната изборна комисија.

    На седницата на ДИК е образложено дека избирачките одбори не постапиле во согласност со упатствата, а правната служба треба да утврди дали има основ за одговорнност. На две избирачки места не работе уредите за идентификација, а на едни се изгуби печатот. Се работи за избирачки места во гимназијата „Гоце Делчев“ и во селата Умин Дол и Брзак. 

    „Ова го правиме не само затоа што има законска основа за разрешување, туку и поради нашата законска обврска да се грижиме за законитоста и да испратиме во очи на вториот круг од претседателските избори и парламентраните избори генерална порака за правата и одговорностите на органите за спроведување на изборите. Тоа ќе биде порака до сите избирачки одбори дека треба да си ја вршат работата одговорно и согласно законот“, истакна Борис Кондарко, член на ДИК.

    ДИК одлучи избирачките одбори на 8 мај, кога ќе се одржи вториот круг од претседателските избори и првиот круг од парламентарните избори да имаат по седум члена наместо сегашните пет члена со цел подобра ефикасност во организацијата на работа, избегнување на гужви на гласачкото место и избегнување на можноста од евентуални грешки.