×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новата градинка ќе биде по европски стандарди и со капацитет за 382 деца, тврдат надлежните

    14.03.2025 16:06 | Оливера Пешевска

    Новата градинка која ќе се гради во населбата Зелен Рид во Куманово ќе се протега на површина од 4.797 м2 и ќе биде со капаците за 382 деца. 

    Новата градинка ќе биде по европски стандарди и со капацитет за 382 деца, тврдат надлежните

    Од проектанскиот тим на ЈП „Куманово план“ велат дека објект е по најнови европски стандарди и запазени се новите трендови за згрижување на децата.

    Според планот ќе има одвоени простории за деца по возрасни групи, заеднички простории, соби за комуникација, стручен и административен кадар и економско технички простории. Сите простории, и за децата и за вработените, ќе содржат гардероби, санитарни простории, отворени занимални. Ќе биде на нивоа, па ќе има и лифт и детско игралиште во партерниот дел.

    „Најинтересно и најважно и за нас и за граѓаните е што вкупниот број на деца во јасли и градинка што може да се опслужат е 382 дечиња, голема бројка која ќе ги задоволи потребите, не само на Зелен Рид, туку и на останатите поблиски и подалечни населби“, објасни директорката истакна директорката Анета Шандева Доневска.

     Таа вели дека се горди што по 60 години „Куманово план“ ја добил можноста да проектира градинка, и тоа не од мал обем.

    „Станува збор за еден голем објект, до сега ваква градинка сме немале. Ова е голем и специфичен предизвик за нашето јавно претпријатие, предизвик во кој и постари генерации на архитекти и останата стручна фела немале можност да учествуваат. Ние за среќа имаме можност да бидеме носители за овој капитален објект“, истакна Шандева - Доневска.

    Новата градинка ќе се гради помеѓу улицата „Васко Карангелевски“ и регионалниот пат Куманово- Свети Николе.  

    Планската документација за градинката ќе биде предадена на општинските служби во најкус можен рок. За неа би требало да се издавојат половина од 800 милиони денари, колку што се наменети за инфраструктурни проекти на Куманово од владиниот повик за пари од унгарскиот кредит.