×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен оглас за привремено ангажирање на 30 пожарникари во Куманово

    10.07.2025 19:56 | KumanovoNews

    Општина Куманово денеска го објави огласот за работно ангажирање на 30 невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво – пошумување. 

    Објавен оглас за привремено ангажирање на 30 пожарникари во Куманово

    „Се повикуваат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на (АВРСМ), да се вклучат во мерката 6.2 - јавни работи за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво – пошумување, да се пријават во Агенцијата за вработување Куманово“, стои во повикот објавен на сајтот на Општина Куманово.

    Работниот ангажман ќе трае најмногу 5 месеци, за месечен надоместок од 24.000 денари, со вклучено осигурување за инвалидитет и телесно оштетување при повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход. Средствата се обезбедени од Буџетот на АВРСМ.

    За учество на мерката лицата треба да се активни баратели на работа, да се здрави и психофизички способни, да не боледуваат од кардиоваскуларни и белодробни заболувања, епилепсија и дијабет. Да се на воздрасT до 55 години.

    Изборот на кандидатите ќе го направи Општината во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)  и Противпожарниот сојуз на Македонија (ПСМ). Избраните кандидати ќе поминат обука која ќе ја организира ПСМ за користење на противпожарна опрема и вештини за справување и превенција од пожари. Само кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат потврда за работа. Пожарникарите ќе бидат ангажирани согласно потребите на ДЗС. 

    Огласот е отворен до 17 јули, а пријавите ќе се поднесуваат во Центарот за вработување во Куманово.

    Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово ја покрива и општина Липково, а помага и во Старо Нагоричане,  покрива голема територија и се справува со голем број на пожари со недоволен технички и човечки потенцијал. Само вчера интервенираше на 13 пожари.

    Владата пред неколку дена најави дека ќе се вработат 400 пожарникари, за справување со пожарите во летниот период. 
    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов ги повика младите кои се физички премни да се пријават на огласот.