Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово објави јавен повик за прибирање предлог-проекти за финансиска поддршка во спроведување на активности за здравствена заштита на населението.
Вредноста на повикот е 100 илјади денари, важи седум дена, од 22 октомври, а наменет е за здруженија и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на здравствена заштита.
Повикот е во рамките на општинската Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година.
„Одделението за социјапна заштита, заштита на децата и здравствена заштита објавува јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита. Теми на кампањи кои ќе се спроведуваат се -злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, превенција на тинејџерска бременост, сексуално преносливи болести, подигнување на свеста кај родителите за поголем опфат на вакцинација, како и рутински здравствени прегледи и скрининг на заболувања“, истакна раководителоте Александар Крстевски.
Ова е втора година по ред како постои јавен повик за унапредување на здравствената заштита на населението во општината. Надлежните сметаат дека токму навреме се спроведува ова програма затоа што кампањите главно се сконцентрирани во ноември и декември. Веќе е разговарано со здруженија и организација кои се занимаваат со здравствена превентива и превенција, навреме се запознаени со критериумите и веќе се подготвени да аплицираат на повикот. И поголем број на субјекти пројавиле интерес за овој јавен повик, па од општината се надеваат дека ќе бидат вклучени неколку различни превентивни кампањи.
Минатата година средствата ги добила Општинската организација на Црвен крст Куманово, но во рамките на проектот биле вклучени неколку организации.