×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од денеска ќе се чисти патот кон депонијата Краста

    15.03.2025 08:32 | Оливера Пешевска

    ЈП „Чистота и зеленило“ од денеска започнува акција за чистење на патот кој води кон депонијата Краста, во Куманово.

    Од денеска ќе се чисти патот кон депонијата Краста

    Планот е да се исчисти нафрланиот смет и дивите депонии во должина од 8 километри, а акцијата ќе трае додека не се собере целото ѓубре.

    „Има многу смет на двете страни од патот кој води кон депонијата Краста од неовластено и несовесно постапување на поединци, сметот мора да биде отстранет. Безбедноста на возачите и жителите на околните места се приоритет, затоа повторно се спроведува ваква акција“, истакна директорот Ненад Стојановски.  

    Надлежните ги повикуваат жителите на Пчиња, Студена Бара и Вак’в да се приклучат кон акцијата за заеднички да работат на обезбедување на подобра и побезбедна околина.

    До возачите се апелира за внимателност и почитување на поставената сигнализација.

    Овој потег беше исчистен на почетокот на јули минатата година, кога биле отстранување повеќе од 8 камиони со смет. На територијата на Општина Куманово претпријатието собрало 1.513 м3 смет од диви депонии во текот на 2024 година.

    Истовремено на депонијата се поставува системот за видеонадзор. Според тендерската документација планирани се 10 столба, стратешки распоредени за покривање на целата површина на депонијата. Се поставуваат на барање на жителите од околните населени места како превентива од потпалување на депонијата, по пожарот во јуни минатата година.