Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините
Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 0,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,314 денари за килограм и сега ќе изнесува 40,158 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
„Моторен бензин еуросупер БС – 95 ќе чини 75 денари/литар, моторен бензин еуросупер БС – 98 ќе биде 77 денари/литар, дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 71,50 денари/литар, маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 71 денари/литар и мазутот М-1 НС 40,158 денари/килограм“, се наведува во соопштението од РКЕ.
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 отсто во однос на одлуката од 14.7.2025 година.