Од полноќ поскапуваат горивата
29.09.2025 16:13
| KumanovoNews
Се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати.

Од денеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин еуросупер БС – 95 75,50 (денари/литар), еуросупер БС – 98 77,50 (денари/литар), дизел гориво еуродизел (Д-Е V) 69,50 (денари/литар), масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар) и мазут М-1 НС 37,591 (денари/килограм).
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,644 ден/кг и сега ќе изнесува 37,591 ден/кг, соопшти РКЕ.