Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Спомен Костурницата во Куманово денеска беше одбележан 11 Октомври - Ден на македонското востание и антифашистичката војна.
По полагањето на свежо цвеќе со пригоден говор се обрати градоначалникот Максим Димитриевски.
„Денес сме исправени пред нови искушенија, не заборавајќи во ниту еден момент дека 11 Октомври и антифашистичката борба се доволен поттик за надминување на поделбите преку поголема меѓусебна почит. Општото добро на секој еден од нас треба да ни биде примарна цел, за да ја одржуваме единствената можност за живот во слобода и мир на ова парче земја. 11 Октомври е наша гордост во намерата за остварување на подобро утре на граѓаните и посветла иднина на генерациите кои допрва доаѓаат и кои треба да создаваат и живеат на ова тло. Да не дозволиме никому да ги разниша темелите на македонската државност. Трнливиот пат до победата ни обезбеди место на праведната страна“, истакна во своето обраќање Димитриевски.
На прославата присуствуваа претставници од владата и парламентот, амбасадори, членови на општинската администрација, делегации од политички партии, установи и институции од градот, граѓански здруженија.