×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Опозицијата во Советот побара 20 милиони денари помош за 4 јавни претпријатија, власта не прифати, смета дека доволно им помага

    11.07.2025 11:31 | KumanovoNews

    Да се зголеми оснивачниот влог за 20 милиони денари на четири јавни претпријатија во Куманово, побара опозицијата на последната седница во Советот на Општина Куманово.

    Опозицијата во Советот побара 20 милиони денари помош за 4 јавни претпријатија, власта не прифати, смета дека доволно им помага

    Советникот Благојче Јакимовиќ од НСДП, предложи точка на дневен ред, за донесување на одлука за помош на јавните претпријатија кои се наоѓаат во исклучително тешка состојба и поради тоа трпат услугите на граѓаните, а вработените не добиваат редовно плата. 
     
    „Предлагам на „Водовод“ да обезбедиме 7,5 милиони денари, на „Чистота и зеленило“ 8 милиони денари, на „Пазариште“ 2,5 милиони денари и на „Куманово-гас“ 2 милиони денари, бидејќи за другите две јавни претпријатија „Куманово-паркинг“ и „Куманово-план“ има зголемување и префрлање по 4 милиони денари со ребалансот на оваа седница. Барам оваа предлог точка да биде ставена на дневен ред и го повикувам мнозинството да ја изгласа. Знаејќи ги состојбите, едното претпријатие е блокирано од извршители и не може да ја извршува работата, другото повеќе од два месеци нема поделено плата, а и другите две кубират со средства и работат со загуба“, кажа Јаќимовиќ.

    Со цел да ги убеди колегите од власта, тој ги потсети дека дале согласност да се потрошат 1 милион евра за реконструкција на малиот градски плоштад кој уште не е довршен, како и над 3 милиони евра за бесплатен превоз, па затоа смета дека треба да покажат разбирање и за проблемите на јавните претпријатија, кои се основани од Општината.
     
    Јавните претпријатија се во тешка финансиска состојба и освен ЈП Куманово-план, останатите ја завршија годината со загуби. Менаџерите ваквата состојба ја правдаат со зголемување на минималната плата, скапата струја, наследените долгови и големите камати.

    Со 11 гласа за, 17 против и еден воздржан, предлог - точката за дополнување на дневниот ред беше отфрлена.

    Расправата за овој предлог продолжи и на другите точки, со обвинување помеѓу власта и опозицијата дали ова барање е релно или популистичко. Опозицијата обвини дека во Општината има „привилегирани“ јавни претпријатија на кои постојано им се зголемуваат надлежностите и им се обезбедуваат дополнителни средства за непречено функционирање иако немаат резултати во работењето. Власта, пак, кажа дека Општината доволно им помага на сите претпријатијата, и не може поради покривање на нивните долгови да трпат другите инвестиции во градот.