×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ќе уплати 4 милиони денари за плата во ЈП „Пазаришта“

    31.07.2025 14:10 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово донесе Одлука за зголемување на основната главнина на ЈП „Пазаришта“ Куманово во износ од 4 милиони денари.

    Општината ќе уплати 4 милиони денари за плата во ЈП „Пазаришта“

    Средствата ќе бидат употребени за исплата на плата на вработените за месеците јуни, како и за останатите тековни трошоци, бидејќи претријатието e во загуба.

    „Зголемувањето на основната главнина на ЈП „Пазаришта“ е за 4 милиони денари. Со тоа вкупниот зголемен износ на основната главнина на јавното претпријатие изнесува 20.5 милиони денари. Откако овие средства ќе бидат упатени на жиро сметката на претпријатието, имаат обврска да ги впишат во Централниот регистар, за да се зголеми основната главнина“,  кажа Никола Денковски, раководител во Одделение за буџетска координација и буџетска контрола.  

    Ова е втора финансиска помош на јавното претпријатите за оваа година, во мај беа уплатени 3 милиони денари, во октомври 2024 година исто 3 милиони, на почетокт на мандатот на директорот Гзим Кадриу 7 милиони денари, и по корона кризата кога пазарите беа затворени 3,5 милиони денари.

    Директорот Кадриу, тогаш велеше дека во последните две години имаат зголемување на трошоците, пред сè поради растот на минималната плата, но и зголемување на цената на електрична енергија, додека цената на нивите услуги останале исти. Во меѓувреме Кадриу си поднесе оставка откако неговата партија излезе од владејачката коалција на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ. 

    Нова в.д. директорка од пред две недели е Влора Ибраими, која најави дека со поддршка на Општината ќе преземе ефикасни и одржливи мерки за подобрување на работата и услугите на граѓаните.