Општина Куманово одвои 2 милиони денари за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани
Советот на Општина Куманово денеска на вонредна седница донесе одлука да издвои 2 милиони денари (околу 32.000 евра) за помош на семејствата на загинатите и на повредените во дискотеката во Кочани.

Одлуката беше донесена едногласно од сите присутни советници, за доделување на парична помош од буџетот на Општината, во износ од 2 милиони денари, од кои 1 милион денари за семејствата на загинатите и 1 милион денари за повредените во пожарот во Кочани.
Претседателката Ивана Ѓорѓиевска, во има на Советот изрази сочувство до семејствата на настраданите, и посака повредените побрзо да закрепнат.
Седницата започна со едноминутно молчење и оддавање на почит на настраданите во нереќата.