Оптика „Стил“ го слави седмиот роденден – големи попусти и изненадувања за граѓаните
Оптика „Стил“ по повод својот седми роденден подготви големи попусти и изненадувања за своите клиенти и граѓаните. Роденденскиот попуст ќе трае три дена, почнувајќи од денеска.
„Роденденски попусти ќе има на 24, 25 и 26 август. Специјалните цени се однесуваат на целиот асортиман на оптички рамки, стакла и очила за сонце. На овој начин сакаме да им се одолжиме на нашите редовни клиенти за довербата што ни ја даваат изминатите години, но и да им овозможиме на оние кои досега не нè посетиле да се уверат во квалитетот на нашите производи. Ги покануваме сите да го посетат салонот во роденденските денови, да изберат убави очила за себе или за подарок и да се уверат во квалитетот, стручноста, професионалноста и пристапните цени. Само така ќе станат дел од големото семејство на нашите корисници“, велат од Оптика „Стил“.

Специјализираниот салон за очила во изминатите седум години се наметна како препознатлив избор кај кумановци, меѓу другото и по тоа што беше меѓу првите што воведоа бесплатно компјутерско одредување на диоптрија, со што ја надополни својата услуга.
Оптика „Стил“ нуди широк асортиман на очила за вид и очила за сонце од светски познати брендови, а врши и монтажа и сервисирање на очилата.
„Ние сме тука за сите на кои им е потребна помош при изборот на рамки и стакла, како и совет при изборот на очила. Диоптериските рамки се со врвен квалитет и со гаранција. Нашите производи се практични и модерни, со квалитетни стакла, а услугата е професионална и брза“, велат сопствениците.

„Оптика стил“ овозможува и купување на рати преку договори со јавни претпријатија, установи и училишта, а од неодамна има договор и со Полицискиот синдикат „ИПА“.
„Гледајте го светот со квалитетни очила. Дојдете заедно да ја прославиме седумгодишната успешна приказна“, порачуваат од Оптика „Стил“.

Салонот се наоѓа во Трговскиот центар „Сума“, на приземје.
За повеќе информации: 075/910-830.
(ПР Текст)