Падна дрво во Соколански парк, граѓаните да бидат претпазливи додека трае невремето
09.07.2025 14:14
| KumanovoNews
Силниот ветер бутнал дрво во Соколанскиот парк.

Нема повредени, причинета е материјална штета и постои потенцијална опасност од дополнителни паднати гранки и дрвја
„Апелираме до граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваате движење низ парковите и зелените површини додека трае ова нестабилно време со засилен ветер. Вашата безбедност е најважна. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на теренот“, објави Ненад Стојановски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.
Од фотографиите што ги објавија може да се види дека е оштетена една клупа во паркот.