Мени

Кривопаланчанец возел 171 км/час, полицијата го привела

17.11.2025 15:55 | KumanovoNews

На експресен пат Куманово – Крива Паланка, кај с.Ранковце, С.Ѓ.(36) од Крива Паланка, вчера во 8.30 часот бил приведен поради пребрзо возење.

Кривопаланчанец возел 171 км/час, полицијата го привела

„При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека С.Ѓ. управувал патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 171 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час“, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297- а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.