×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Партиите ги мерат рејтинзите на можните кандидати за градоначалник на Куманово

    28.04.2025 12:51 | Сузана Николиќ

    Шест месеци пред локалните избори политичките партии интензивно работат на консултации и мерења на рејтинзи на потенцијалните кандидати за градоначалник и носители на советнички листи.

    Партиите ги мерат рејтинзите на можните кандидати за градоначалник на Куманово

    Имињата кои се вртат на анкетите и во чаршијата се:  Мартин Костовски, Атина Мургашанска, Дарко Ристовски, Горан Стојковски и Лидија Тасевска од СДСМ, Максим Димитриевски, Даниел Стојчевски и Ивана Ѓоргиевскиа од ЗНАМ, Бобан Николовски, Бране Петрушевски, Елена Доцевска Божиновска, Владимир Трајковски и Стефан Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.
     
    Дарко Ристовски претседател на СДСМ Куманово, на неодамнешната прес-конференција кажа дека кандитатот за градоначалник и советничката листа ќе се објави откако ќе се направат анализи на анкетите, сондажа на мислењето и теренската распределност. Процесите се во тек и тоа би требало да се случи за многу кусо време.

     

     

    „Ќе излеземе за многу брзо време со нов наш победнички кандидат. Имаме повеќе кандидати, изборот е голем, постои голема заинтересираност од членовите и од граѓаните и мислам дека ќе го избереме најдобриот“, изјави Дарко Ристовски претседател на СДСМ Куманово.

     И од ЗНАМ велат дека се во тек преговори со коалицискиот партнер за градоначалник, а потоа ќе се знаат и кандидатите за советници кои ги ќе бранат нивните бои.

     

     

    „Нашите анкети ќе ги правиме при крај на мај, по што телата и органите на партијата ќе ја донесат конечната одлука за кандидат за градоначалник и листа на советници. Во меѓувреме траат и преговорите со коалициските партнери, каков ќе биде исходот ќе излеземе со официјален став.  Како што веќе кажа нашиот лидер Куманово ќе одиме со свој кандидат за градоначалник и своја советничка листа“, изјави Даниел Стојчевски претседателот на општинаката организација на ЗНАМ Куманово. 

     Претседателот на општинскит комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово Бобан Николовски, вели дека во централата во Скопје испратиле 6 предлози за кандидат за градоначалник, а одлуката ќе ја донесат партиските тела врз основа на поддршката на граѓаните. 

     

     

    „Уште е рано, за конкретните советнички листи и евентуален кандидат за градоначалник ќе одлучуваат партиските органи на централно ниво. Од општинскиот комитет доставивме имиња на 6 можни кандидати за градоначалник, за кои ќе се оценува рејтингот преку теренски анкети. Лично мислам дека никогаш не сме имале подобра појдовна точка за локални избори во Куманово“, смета Николовски. 
     

    Неофицијално, на централно ниво веќе договорена колацијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, а за СДСМ и останатите помали партии се уште е неизвесно.