Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седумдесет и осумгодишна жена од Куманово вчера пријавила во полиција дека била измамена од едно лице за 2.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзиниоeт син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена. Се
преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Куманово биле регистрирани и пет обиди за измами со наводни сообраќајни несреќи и една на подрачјето на Кратово.