×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почна изградбата на училиштето „Сами Фрашери“, ќе чини 5 милиони евра

    27.05.2024 12:58 | Сузана Николиќ

    Почна изградбата на средното училиште „Сами Фрашери“ во Куманово, за кое Министерството за образование и наука одвои 317,200 милиони денари или над 5 милиони евра.

    Почна изградбата на училиштето „Сами Фрашери“, ќе чини 5 милиони евра

    Објектот ќе го гради фирмата „Хоџа Инженеринг“ од Куманово, во дворот на поранешената касарна во нас. Бедиње, зад Тетовскиот универзитет и Средното економско училиште „Перо Наков“.

    Во новото училишна зграда ќе се сместат Гимназијата „Сами Фрашери“ и Техничкото училиште „Наце Буѓони“,  со настава на албански јазик. Вкупната површина на објектот е 7.400 м2.

    Според проектот објектот ќе биде на 4 нивоа: подрум, приземје и 2 ката, со по 10 училници на секој кат за по 30 ученика, наставнички канцеларии, училишна библиотека и 16 кабинети, лифт. Капацитетот на училиштето ќе биде за 1.200 ученика. Во дворот ќе има 67 паркинг места и спортски терени.

    Учениците од овие две училишта сега учат во зградата на поранешен ЗИК во несоодветни простории, откако пред дваесетина години ги напуштија матичните училишта, каде што учеа заедно со своите врсници Македонци.

    (Фото. Општина Куманово)