×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потпишан е договор за изградба на училиштето „Сами Фрашери“, ќе чини 5 милиони евра

    26.04.2024 08:24 | Оливера Пешевска

    Министерството за образование и наука го потпиша договорот со фирмата „Хоџа Инженеринг“ од Куманово, за изградба на средното училиште „Сами Фрашери“ во Куманово. 

    Потпишан е договор за изградба на училиштето „Сами Фрашери“, ќе чини 5 милиони евра

    Вредноста на проектот е над 317,200 милиони денари или над 5 милиони евра и треба да се заврши за 24 месеци. 

    Во новото училишна зграда ќе се сместат Гимназијата „Сами Фрашери“ и Техничкото училиште „Наце Буѓони“, за учениците кои посетуваат настава на албански јазик, а ќе се гради во населбата Бедиње, во дворот на поранешената касарна, зад Тетовскиот универзитет и Средното економско училиште „Перо Наков“. Вкупната површина на објектот е 7.400 м2.

    Планот предвидува објектот да биде на 4 нивоа: подрум, приземје и 2 ката, со по 10 училници на секој кат за по 30 ученика, наставнички канцеларии, училишна библиотека и 16 кабинети, лифт. Капацитетот на училиштето ќе биде за 1.200 ученика. Во дворот ќе има 67 паркинг места и спортски терени.

    Учениците од овие две училишта сега учат во зградата на поранешен ЗИК во несоодветни простории, откако пред дваесетина години ги напуштија матичните училишта.