Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Малолетник вчера со автомобил удрил во бетонска ограда на куќа во липковско.
„Околу 06.15 часот во Кумановската полиција било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон с.Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен е увид од екипа од СВР Куманово.