Повреден 64-годишен маж додека гаснел пожар во куќа во Никуљане
        08.08.2024 13:20
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Се запалила куќа во селото Никуљане, општина Старо Нагоричане, а во пожарот е повреден 64-годишен маж, кој го гаснел огнот.
                  „Во 12.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа во с.Никуљане, кумановско. При обид да го изгасне пожарот, С.Д.(64) од Куманово се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото“, соопшти МВР.
ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со 2 возила и 3 пожарникари до 16:15часот.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



