Повреден градежен работник при изградба на патот Ранковце - Крива Паланка
23.11.2023 15:57
| Сузана Николиќ
Во Полициската станица во Крива Паланка вчера околу пладне било пријавено дека во Итна медицинска помош Крива Паланка со повреди бил донесен Т.С.(63) од Крива Паланка.
Фото: Влада на РСМ
Според пријавеното, тој се здобил со повредите на работното место при изведување на градежни работи на патот во изградба Ранковце-Крива Паланка. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

