Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жена е потешко повредена во сообраќајна несреќа на ул.„11 Ноември“ во Куманово, кога во неа удрил автомобил.
Несреќата се случила вчера во 17.15 часот, кога патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(27) од Куманово, удрило во Р.С. (56) од Куманово.
Со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.