×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затворен дел од патот кон Пелинце и Студена Вода

    22.07.2025 07:31 | KumanovoNews

    Поради велосипедски трки, кои се дел од Европската младинска олимпијада во Куманово, денеска ќе има прекин на сообраќајот на регионалните патишта Куманово - граничен премин Пелинце и Куманово - Свети Николе. Известувањето стигна од АМСМ.

     

    Затворен дел од патот кон Пелинце и Студена Вода

    „На 22. јули во време од 08:00–16:00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка ХРОНО, при што сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за с. Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во с. Пелинце ќе биде запрен.

    Исто така, истиот ден вторник во време од 08.00–17.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка МОУНТАИН БАЈК (тренинг), при што сообраќајот на патот во с. Доброшане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода ќе биде запрен.

    Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредните три дена. (22.7,  23.7 и 24.7.)“, соопшти АМСМ.

    (фото. архива Кумановоњуз)