Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Детската претстава „Волшебникот од Оз“ вечерва премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, со почеток во 18 часот.
Ова е најновата детска претстава која ја подготви ансамблот на Театар Куманово, според делото на Лиман Франк Баум, а во режија на Бојана Краљевска Стојков.
„Една прекрасна приказна која сите ја знаеме, сите пораснавме со неа. Приказна која е безвременска која е една од најчитаните. Го играм ликот на Волшебникот од Оз, кој е посебно инспираривен лик кој всушност низ целата претстава е помеѓу лагата и вистината, доброто и злото“, истакна актерот Никица Јанковски, кој ја игра насловната улога.
Покрај Јанковски во прествата играат и Анастасија Величковиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Жарко Јовановиќ и Сања Русевска.
Сите детски претстави на Театар Куманов предизвикуваат големо внимание кај публиката, радост кај најмалите, а често се случува и да добиваат награди на различни фестивали во земјава.
Билетите можат да се купат на билетарата пред почетокот на претставата.