Претрес во Куманово, пронајдена дрога и пушка, приведено едно лице
27.03.2025 11:41
| KumanovoNews
Полицијата вчера привела 55-годишен кумановец поради тоа што поседувал оружје и марихуана.

„Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16.10 часот лишиле од слобода 55-годишен кумановец. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.