×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР: Претреси кај двајца кумановци поради неовластено снимање со дрон на зградата на полицијата

    12.09.2025 18:14 | KumanovoNews

    Полицијата изврши претреси во домовите на двајца кумановци и во простории на правно лице, при што се пронајдени дронови, муниција и документација, информира МВР.

    МВР: Претреси кај двајца кумановци поради неовластено снимање со дрон на зградата на полицијата

    „Со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од Куманово, како и во просториите на правното лице на Д.Г., во врска со член 149 и член 152 од Кривичниот законик. Имено, постапувајќи по објавени видео записи на социјални мрежи, а снимени со дрон на почетокот на август, каде неовластено се снимени зградата на СВР Куманово, службени возила, како и физичкото обезбедување на настан по повод празникот 2 Август, а поради основи на сомнение дека ги направиле Д.Х. и Д.Г. извршени се претресите. Притоа, во домот на Д.Х. се пронајдени, дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет за понатамошна постапка, додека кај Д.Г. биле пронајдени 14 дронови“, соопшти МВР.

    Со двајцата се извршени службени разговори во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.