Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седумнаесетгодишно момче е приведено, под сомнение дека ја откорнало таблата на српскиот Конзулат во Куманово.
„Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29. ноември во 09.05 часот, дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово. Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово“, соопшти МВР.
Машко лице завиткано во албанско знаме, завчера вечер ја откорнало таблата со грбот на Република Србија на српскиот Конзулат во Куманово.
Од Амбасадата на Србија најостро го осудуваат вандалскиот чин и бараат што поскоро да биде откриен сторителот на овој насилен чин.