Приведена жена - питачела на Градскиот плоштад во Куманово
21.03.2025 14:52
| KumanovoNews
Шеесет и осумгодишна жена вчера била приведена додека питачела на Градскиот плоштад во Куманово.

„Во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, на плоштадот „Нова Југославија“ ја затекнале Р.М.(68) од Куманово при питачење. Против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти Кумановската полиција.