Приведени две лица - краделе железо од фабрика во Куманово
20.03.2025 14:54
| KumanovoNews
Полициски службеници од Кумановската полиција вчера по 16 часот ги привеле И.С. (33) од село Бузалково, велешко и Ќ.С. (41) од село Арачиново, скопско, поради кражба на железо.

„Тие се сомничат дека од дворно место на фабрика во Куманово одзеле поголема количина на железо. И.С. и Ќ.С. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави“, соопшти МВР.