Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца кумановци се приведени, под сомнение дека извршиле кражба на сепарација во близина на Куманово.
„На 25. ноември во 15.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Л.Ш.(25), Ѓ.Ш.(33) и Т.И.(33), сите од Куманово. Тие се сомничат дека од сепарација во село Добрашане, кумановско одзеле повеќе предмети. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави“, соопшти МВР.