Мени

Продолжува дезинфекција на градот и делењето на пакети и маски на граѓаните во Куманово

27.04.2020 19:02 | KumanovoNews

Општинскиот штаб за заштина и спасување во Куманово продолжува со своите активности и мерки за заштита и спречување на ширење на коронавирусот во градот.

Продолжува дезинфекција на градот и делењето на пакети и маски на граѓаните во Куманово

„Продолжува дезинфекција на јавно-прометни површини и во станмбени објекти, се делат пакети со храна и средства за хигиена и дезинфекција на социјално најзагрозни семејстава. Истовремено се поставува редарска служба пред објектите каде е потребно низ градот и се делат бесплатни маски на граѓаните по реони од страна на инкасатори на ЈП „Чистота и зеленило“, - информираат од Штабот.

Општинскиот штаб за заштина и спасување во континуитет одржува редовни состаноци на штабот преку видео конференциска врска, откако дел од членовите се во самоизолација.

 „Состаноците заради комуникацијата и координацијата, непречено функционираат и сите заклучоци и предлог мерки се операционализирааат на институцинални и оперативни нивоа преку сите субјекти во системот.Секој субјект дејствува согласно заклучоците на ОШЗС, при тоа почитувајќи ги препораките и мерките на Владата. Таквиот начин на функционирање на штабот ќе остане до моментот на физичкото враќање и повторно извршување на секојдневните работни обврски на секој од членовите“ , - додаваат од Општинскиот штаб за заштина и спасување.