×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проекти за зелена, чиста и ефикасна општина Куманово, најави Тренчевска

    06.10.2025 16:19 | KumanovoNews

    Нашата цел е јасна да создадеме зелена, чиста и ефикасна општина, во која секој граѓанин ќе живее достоинствено и здраво. Да ја подигнеме еколошката свест и заедно да го направиме Куманово пример за одржлив град, кажа кандидатката за советничка од листа на ЗНАМ, Тамара Тренчевска.

    Проекти за  зелена, чиста и ефикасна општина Куманово, најави Тренчевска

    Таа додаде дека животната средина не обединува сите, бидејќи сите го дишиме истиот воздух, водата која ја пиеме и просторот во кој живеем, па и одговорноста е заедничка.

    „Во програмата на ЗНАМ се предвидени конкретни мерки: поставување на соларни панели на јавни објекти, установи и институции и енергетско ефикасни фасади, интегриран систем за селекција, сепарација, транспорт и преработка на отпад, дигитална контрола и мониторинг за регулирање на бучава во угостителски објекти, видеонадзор на јавни површини и точки од јавен интерес за заштита на имот и животна средина, ширење на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа со фокус на јавни објекти, индустриски капацитети (с. Добрашане, нас. Карпош, индустриска зона Новини и Речица), колективни станбени згради и домаќинства, намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа, зајакнување на капацитетите на Сектор за инспекциски надзор во Општината, зајакнување на капацитетите на ЈП „Чистота и зеленило“ и зголемување на буџетот за одржување на хигиенатам, зголемен интензитет на перење на улици и плоштади, замена на сите постојни надземни контејнери во централно подрачје со полуподземни контејнери, поставување на дополнителни контејнери за селекција на отпад, нови контејнери на локации каде што има потреба, поголем број мали корпи за отпадоци на јавни површини со висока фреквенција, зголемена инспекциска контрола на критични подрачја и речни корита, континуирано чистење на речните корита во градот, зголемена едукација за екологија на учениците од најрана возраст, продолжување на Субвенции за користење на клима уреди, кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина со поддршка на НВО, активизам и волонтерски организации и поставување мерни станици за квалитет на воздух на повеќе клучни локации“, кажа Тренчевска.
     
    Таа истакна дека со овие проекти ќе се подбри хигиената во градот, ќе се намали загадувањето и ќе зајакне свеста за екологијата.