Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утре во 19 часот ќе се одржи промоција на романот „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски.
Романот на Владимир Јанковски „Ехото на акробатите“ е добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 што по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“.
Промотор на романот ќе биде Оливера Ќорвезироска.
„Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, Јанковски овојпат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. Наградениот роман е наративна сложувалка, роман-ламја со 100 глави и недоброј значенски опашки“, напиша Ќорвезироска.
Настанот е дел од годишната литературна програма на НУЦК за 2025 година поддржана од Министерство за култура и туризам.