×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Расте бројот на заболени со респираторни болести поради аерозагадувањето

    12.04.2025 09:10 | KumanovoNews

    Расте бројот на заболени со респираторни болести и на тоа влијаат повеќе фактори. На прво место е загадениот воздух, а потоа пушењето цигари, внатрешните загадувачи во зградите и други, велат пулмолозите.

    Расте бројот на заболени со респираторни болести поради аерозагадувањето

    Д-р Деска Димитриевска од Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје и претседателка на Македонското респираторно здружение истакна дека се додека не се преземаат активности околу намалувањето на загадениот воздух и другите фактори, во земјава ќе има поголем број на болести од респираторниот тракт.

    „Не е многу добра респираторното здравје на македонските граѓани. Низ цел живот работиме на тоа, но докторите се тука да ги лекуваат болестите кога веќе настанале. Многу малку можеме да направиме на превенцијата за да спречиме појава на овие болести. Голем број на фактори влијаат за да се појават болестите. И тука за жал докторите малку можат да направат. Многу повеќе можат да направат политиките на државата да се работи на намалувањето на загадениот воздух, да се намали бројот на пушачи, да се подобрат условите на работа. Се додека тоа не го направиме, во Македонија има и ќе има поголем број на болести од респираторниот тракт. Ние ги лекуваме, тогаш кога ќе ги добиеме на клиника, но тоа честопати е доцна, затоа што од друга страна и не секогаш на време бараат лекарска помош“, рече Димитриевска, која неофицијални кажа дека во земјава има околу 1.000 случаи на заболени од карцином на белите дробови.

    На 6. Конгрес на Македонското респираторно здружение и 5. Конгрес на Здружението на пневмофтизиолози учествуваат околу 300 учесници и 30 странски предавачи од Англија, Шпанија, Словенија, Италија и сите околни балкански земји.