Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За време на викендот дел од малиот плоштад беше поставена заштитна мрежа, која вчера беше отстранета. Тоа предизвика низа прашања кај граѓаните, зошто се пролонгира почетокот на работите со огледа на тоа што на плоштадот беше донесена и механизација, што укажуваше дека ќе се започне со најавената реконструкција.
„Поставената ограда на малиот плоштад беше дел од подготвителните активности пред отпочнување на реконструкција на плоштадот, кои сега се завршени. Реконструкцијата се поместува согласно отворањето на Денови на комедија во градот и непречена циркулација на граѓаните на овој простор на денот на отворањето“, се вели во одговорот на општинските служби на прашањата на Кумановоњуз.
Деновите на комедија се отвораат вечерва во Центарот на култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Со проектот е предвидено да се смени подлогата, урбаната опрема, канделабри, клупи, жардињери и осветлувањето.
Со реконструкцијата, двата плоштади во Куманово, централниот и пред Центарот за култура ќе се спојат со пешачка патека и ќе претставуваат една целина која дополнително ќе го оплемени централното подрачје.
Проектот e предвиден да се реализира во три фази, а ќе започне со реконструкција на малиот плоштад, втората фаза ќе се одвива во делот на т.н. Скопски дуќани и спојување со ул. Ленинова, и последната трета се однесува на ул. Илинденска.