×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ретроспективна изложба на Владимир Георгиевски во Куманово

    18.09.2024 09:53 | KumanovoNews

    Во изложбениот салон на  Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре во 19.30 часот ќе се отвори изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски.

    Ретроспективна изложба на Владимир Георгиевски во Куманово

    Изложбата содржи дваесетина дела во различни техники, од семејната збирка. Делата на Георгиевски веќе 1,5 година патуваат низ државата и се претставуваат пред публиката. Целта е да се приближи уметноста на овој наш голем сликар до што е можно поголем број граѓани од целата земја, а посебно до младите.

    Владимир Георгиевски (1942–2017) е еден од најзначајните македонски уметници. Зад себе остави скапоцена ризница од уметничко
    богатство. Во неговите дела болска златна нишка што ги поврзува и води кон скриеното духовно благо закопано длабоко под површината на неговите слики. Наспроти современите насоки на движење на ликовната уметност, спроти времето и актуелноста, Георгиевски ја започнува својата творечка авантура движејќи се во спротивна насока од своите современици – одејќи назад, до затрупаните извори на уметноста, таму каде што сè почнува, враќајќи се кон загубените вредности на сликарството и на сликата, кон класичната формула и мајсторската форма.