Мени

Индустриската зона „Речица“ ќе добие инфраструктура вредна 3,4 милиони евра

27.01.2026 12:43 | KumanovoNews

Интензивно се работи на изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, како и на дел од внатрешните сообраќајници, со цел воспоставување сообраќаен режим и јавно осветлување во дел од индустриската зона „Речица“ во Куманово.

 

Индустриската зона „Речица“ ќе добие инфраструктура вредна 3,4 милиони евра

Од Владата информираат дека овој голем инфраструктурен зафат во индустриската зона во Куманово е во вредност од 210.612.489 денари,  или 3,4 милиони евра. Средствата се обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт и врски.

„Се работи на изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализација, како и на нови внатрешни улици со поставување сообраќајна сигнализација и јавно осветлување. Со реализацијата на овој проект, индустриската зона добива подобра инфраструктурна основа, поголема функционалност и подобри услови за привлекување нови инвестиции и развој на локалната економија“, објави Владата.