×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се расчистува теренот за изградба на новиот кружен тек

    26.03.2025 09:45 | KumanovoNews

    Отстранети се бараките од ул. „Октомвриска револуција“ како дел од подготвителните работи за изградба на новиот кружен тек. 

    Се расчистува теренот за изградба на новиот кружен тек

    Расчистувањето на теренот е во тек, а во овој дел се планирани и дислокација на бандерите и каблите за непречено изведување на работите.

    „Отстранети се неколку бараки. Новиот кружен тек ќе започне да се гради откако ќе се расчисти сиот простор предвиден за градежни активности. Колку време ќе биде потребно за ова етапа не можеме да предвидиме“, вели Момчило Јовановски, од Сектор за комунални работи.

     Со затоплување на времето и пристигањето на пролетта се очекува да се интензивираат активностите во тој дел од градот.

    Општина Куманово планира да изгради кружен тек на раскрсницата меѓу булеварот „Октомвриска Револуција“, улицата „Доне Божинов“ и крак од улицата „Братство единство“. Ќе се работи на површина од 4.776 м2 , а за овој проект од локалниот буџет се издвоени 367.5 илјади евра.

    Кружниот тек ќе го гради „КООП Инженеринг“, а градежните работи треба да завршат за 68 работни дена, од започнување на активностите.