×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожар во отпад за возила, црн облак од чад го покри Куманово

    23.06.2025 18:22 | KumanovoNews

    Гори отпад за стари автомобили, гуми и пластика, кој се наоѓа на ул. Индустриска во Куманово.

    Пожар во отпад за возила, црн облак од чад го покри Куманово

    Од Противпожарната единица Куманово, за Кумановоњуз кажаа дека отпадот се запалил околу 18 часот, и нивни екипи од цела смена, со три противпожарни возила и десетина пожарникари се на терен.

    Местото го обезбедуваат и полициски службеници од СВР Куманово. 

    Црн густ дим се издига над градот и ги вознемири граѓаните.

    Сличен голем пожар во Куманово имаше пред повеќе години кога се запалија старите прагови од железничката пруга на Железничката станица.