×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седница на Совет - 30 точки на дневен ред

    30.06.2025 15:25 | KumanovoNews

     Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница со 30 точки на дневен ред. 

    Седница на Совет - 30 точки на дневен ред

    Советниците ќе разгледуваат тимесечни финансиски  извештаи за јавните претпријатија,  измени на годишни извештаи, предлози за годишни вработувања, продолжување на бесплатен линиски превоз и др.

    Дневен ред

    1.     Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2025 – 31.03.2025 година;
    2.     Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2025 година;
    3.     Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
    4.     Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
    5.     Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
    6.     Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2025 – 31.03.2025 година;
    7.     Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2025 година
    8.     Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за утврдување на цени на услуги за користење на Спортската сала во Куманово;
    9.     Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2025 година;
    10.     Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2026 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;
    11.     Предлог – Решение за давање согласност на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово да може да има поголем број на деца во воспитните групи;
    12.     Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2025 година;
    13.     Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;
    14.     Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
    15.     Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
    16.     Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2025 година;
    17.     Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2025 година;
    18.     Предлог – Програма за измена на Програмата за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2025 година;
    19.     Предлог – Одлука за распределба на финансиски средства наменети за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово за 2025 година;
    20.     Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и редните училишта од Општина Куманово за 2025 година;
    21.     Предлог – Одлука за резервирани (обезбедени) средства за експропријација во Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;
    22.     Предлог – Одлука за давање на согласност за времено обезбедување на средства од Буџетот на Општина Куманово за 2025 година, наменети за посебна донаторска сметка на проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“;
    23.     Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;
    24.     Предлог – Одлука за давање согласност деловни простории сопственост на Општина Куманово да се дадат под закуп по пат на електронско јавно наддавање;
    25.     Предлог – Одлука за давање на користење на деловен простор сопственост на Oпштина Куманово на Регионална занаетчиска комора;
    26.     Предлог – Одлука за давање согласност за отстранување на деловни простории сопственост на Општина Куманово заради реализација на урбанистичко планска документација;
    27.     Предлог – Одлука за прифаќање на донација;
    28.     Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;
    29.     Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;
    30.     Предлог – Решенија за именување на претставници од Општина Куманово за членови на училишните одбори во општинските основни училишта:
          „Крсте Мисирков” – Куманово
          „Браќа Миладиновци” – Куманово
          „11 Октомври” – Куманово
          „Вук Караџиќ” – Куманово
          „Толи Зордумис” – Куманово
          „Кочо Рацин” – Куманово
          „Христијан  Карпош” – Куманово
          „Магдалена Антова” – Куманово
          „Карпош” – с. Умин Дол
          „Битолски Конгрес” – с. Лопате
          „Кирил и Методиј” – с. Романовце
          „Браќа Рибар” – с. Табановце
           "УОМО „Панче Пешев” – Куманово.